Државната изборна комисија ги почна подготовките за изборно соочување на 5 јули, дознава Слободен печат. Централата веќе испратила допис до сите општински изборни комисии со кој бара одговор за тоа што им недостасува за спроведување на избори во време на коронавирус.
Од ДИК велат дека од Комисијата за заразни болести уште минатата недела требало да пристигне упатството за изборниот ден но, најверојатно такво упатство нема да има. Се очекува Комисијата да се повика на веќе дадените препораки за заштита од Ковид 19, а тие се носење на заштитна опрема, маска и ракавици, држење на растојание од 1,5 до 2 метри, користење на социјалната дистанца, користење на средства за дезинфекција.
ДИК планира за изборните дејствија да потроши околу 8 милиони евра. Според информациите на порталот, средствата потребни за заштита на здравјето на граѓаните ќе бидат обезбедени од домашни и странски донации.
Денеска и лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека има време сите да се подготват за изборното соочување на 5 јули