Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори уверува претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
-Чекаме во февруари да ги закажат изборите. Ќе се гласа на стариот начин, со ув ламба и спреј. Една од работите на ДИК е постојано да го прочистува избирачкиот список – вели Дерковски.
Тој најави дека се работи на тоа за парламнентаните избори да се гласа со нови технологии, со примена на отисок од прст.
-Постојат инструменти кои го учитуваат прстот и вршат идентификација се појавува ваша фотографија, а потоа излегува глсачкото ливче. Целта на примента на новите технологии е заради постојаните забелешки за мани и инедостатоци за изборниот законик и подигање на довербата и оставрување на принципот еден човек еден глас. За сега ламбата и спрејот се уште остануваат како превенција од можни злопотреби – кажа Дерковски.