Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) до 15 часот на гласање излегле 527.068 граѓани или 30,34 од избирачите.
Најголема излезност има во градовите Македонски Брод, Крива Паланка, Демир Капија, Демир Хисар и Крушево, а со најмала излезност се Желино, Боговиње и Центар Жупа.
За да биде избран претседател во вториот круг, потребно е да гласаат 40 отсто од избирачите, односно 723.252 гласачи.