Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да испрати мислење до кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за потребните временски рокови за спроведување на парламентарните избори.
Членовите на оваа комисија вчера беа на средба кај Пендаровски која следуваше по одржаната лидерска средба во вторникот 12 мај, на која се договорија да се добијат информациите и наредната недела повторно да се сретнат.
Пред средбата во Вила Водно, Оливер Дерковски, претседател на ДИК во интервју за Вечер рече дека ќе инсистира на минимум 50 дена од датумот до избори.