Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе се донесе заклучок за објавување на конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори.
По завршувањето на оваа седница, ќе следи свечена седница на која ќе се доделуваат уверенијата за 120 избрани пратеници.
„Планираме да ја одржиме седницата на која ќе ги објавиме конечните и официјалните резултати, а потоа ќе бидат повикани и новоизбраните пратеници за да им ги врачиме пратеничките мандати“, рекоа вчера од Државната изборна комисија.
Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија.