Во Индија постојат села, но и градски средини, каде се практикува бизарната традиција додека женските членови на семејството имаат менструација, да спијат надвор од дома.
Овие луѓе веруваат дека додека крвари, жената е нечиста и дека не треба да биде во домот со другите членови. За едно 14-годишно девојче од Индија оваа традиција била погубна.
Нејзиното семејство ја испратило да преспие во импровизирана градба, додека тие останале во цврстата куќа. За жал, во истиот период се случил циклонот Гаја, кој предизвика и големи материјални штети, но однесе и многу животи.
Кога бурата се смирила и родителите излегле да ја побараат, виделе дека врз импровизираната куќа паднало дрво и им било јасно што се случило. Го пронашле телото на девојчето еден ден подоцна.
Според активистите за менструално здравје во Индија ова не е прв случај на ваква смрт, кога девојче е испратено надвор од домот поради циклусот. Тие сметаат дека во поголем дел од државата недостасува образование на оваа тема.