Македонија 01. јануари 2021. / 08:30

(ВИДЕО) Последното испраќање на Глигоров: Девет години од смртта на првиот претседател

(ВИДЕО) Последното испраќање на Глигоров: Девет години од смртта на  првиот претседател

Пред осум години во својот дом во Скопје, на 94 години, почина првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Глигоров за претседател на Република Македонија беше избран на 27 јануари 1991 година, од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори.

Функцијата претседател на Република Македонија ја вршеше до 19 ноември 1999 година.

Во текот на своите два мандати ја промовира политиката на „eквидистанца“ кон сите соседи на земјата: Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија. За време на неговиот мандат се случиja некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија: на референдум на 8 септември 1991 бeше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации.

На 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров беше извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Досега не се откриени ни нарачателите, ниту, пак, извршителите на атентатот, а истрагата е се уште отворена.

Во текот на неговата политичка активност, Киро Глигоров беше одликуван со повеќе ордени.

Ве потсетуваме како изгледаше неговото последно испраќање.