Македонија 17. септември 2020. / 12:36

Дете во струмичка градинка позитивно на Ковид-19

Дете во струмичка градинка позитивно на Ковид-19

Во струмичката градинка има дете позитивно на КОВИД – 19. Резултатите пристигнале денеска, а детето не било носено во градинка од понеделникот, пренесе Скопје.

Во моментов течат консултациите со епидемиолошката служба за постапувањето во градинката но и тоа колкумина вклучително и деца ќе бидат ставени во изолација.

Засега не се открива за кој клон на детската градинка „Детска радост“ станува збор. Неофицијално, детето го добило вирусот од член на семејството.