Министерството за здравство соопшти повеќе детали за најмладиот пациент, меѓу починатите во текот на вчерашниот ден.
Станува збор за момче на 33-годишна возраст кео бил со прекумерна телесна тежина и со тешка билатерална пневмонија.
Пациентот бил хоспитализиран на почетокот на месецов во градската општа болница ,,8 септември“со ниска сатурација и бил подложен на неинвазивна механичка вентилација.
Пациентот покрај својата терапија, примил и конвалесцентна плазма и озон, но за жал безуспешно, по што синоќа починал, велат од ресорното министерство.