Министерката за правда Рената Дескоска истакна дека новиот закон за ЈО треба да обезбеди измена на изборот на обвинителите со зголемување на критериумите за нивен избор.
– Целта беше да се обезбеди независност на обвинителите кое треба да гони висока корупција и кое треба да ги процесуира случаите на СЈО – истакна Дескоска.
Минситерката објасни и дека се предвидува зголемување на бројот на обвинители во Обвинителството за организиран криминал без да се прејудицира нивниот избор.