Македонија 19. јуни 2020. / 21:42

Дескоска: Се уште не сме спремни да бидеме членка на ЕУ, да бевме спремни ќе не примеа уште утре

Дескоска: Се уште не сме спремни да бидеме членка на ЕУ, да бевме спремни ќе не примеа уште утре

Во емисијата „Топ Тема“ министерката за правда, Рената Дескоска зборуваше за тоа колку Република Македонија е подготвена да го примени законодавството нa ЕУ и европските стандарди во областа на правото и рече дека Република Македонија не е целосно спремна да ги имплементира сите стандарди и поради тоа не е членка на Европската Унија.

Ние како држава не сме целосно спремни да ги имплементираме сите стандарди бидејќи да бевме спремни ќе не примеа уште утре во ЕУ, истакна Дескоска.