Македонија 21. февруари 2019. / 20:11

Дескоска го осуди инцидентот во Шутка: Згрозена сум

Дескоска го осуди инцидентот во Шутка: Згрозена сум

Министерката Рената Дескоска се огласи на Фејсбук по инцидентот во кој беа претепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворот во Шутка.

Згрозена сум и најостро го осудувам вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје. Насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите. Побарав целосно информирање од управата на КПУ Затвор – Скопје, но и очекувам сите надлежни институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа и да покренат постапки за санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации, напиша министерката на Фејсбук.