Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија на извршени 189 тестирања во изминатите 24 часа. Министерот за здравство Вено Филипче на денешната прес-конференција ги соопшти најновите дневни информации за состојбата со Ковид-19 во земјата.
Новите случаи се регистрани во Скопје (6), Куманово-2 и во Прилеп и Велес по еден случај. Оздравени се пет пациенти од Скопје и Неготино, а почина уште едно лице.
Во земја вкупниот број за заболени од коронавирус се 1.674 лица од кои 1205 се оздравени. Смртни случаи има 92, а активни случаи на Ковид-19 во земјава се 377. Во изминатите 24 часа на Инфективната клиника се примени тројца нови пациенти, а на ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 13 нови пациенти.