Македонија 14. мај 2020. / 10:54

Дерковски: Изборите ќе мора да се прилагодуваат на она што здравствените власти ќе препорачаат

Дерковски: Изборите ќе мора да се прилагодуваат на она што здравствените власти ќе препорачаат

Оливер Дерковски, Претседател на ДИК во своето гостување во „Утрински Брифинг“ зборуваше за актуелната тема која е поврзана со одржување на избори каде посочи дека процесот за одржување на изборите ќе мора да се прилагодува на она што здравствените власти ќе препорачат.

-Избори мора да има до крајот на мандатот на овој пратенички состав согласно верификацијата на 31 декември кој беше тогаш ратификуван. . Сега настапи една пандемиска криза која за сите нас е новина ви рекол во државата. Ние се соочуваме со ситуација до која до сега не била, така што и самата комисија и овој процес ќе мора да се прилагодува на она што здравствените власти ќе го препорачат, истакна Дерковски.