Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат М, соопшти дека ДИК ги презела сите потребни мерки за зголемување на пристапноста на избирачките места на лицата со попреченост кои што во изминатиот период се жалеле за ова.
Деркоски додаде дека ДИК ги презело сите мерки за целосна заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот на денот на гласањето.
Се обидовме голем дел од избирачките места од горе да ги симниме на призјеме, нешто кое што лоцата со попреченост се жалеа во изминатиот период. Доста од избирачките меса се сега во спортски сали на приземје, во училниците на призјеме и на тој начин ја зголемивме пристапноста до изборачките места. Ќе им помогнеме на луѓето, а од аспект на нивна заштита заради опасноста од Ковид 19, како за сите останати граѓани, ние ги преземаме мерките и за овие граѓани – вели Деркоски.