Македонија 07. декември 2018. / 20:33

Деркоски: На следните парламентарни избори граѓаните ќе се валидизираат со отисок од прст

Деркоски: На следните парламентарни избори граѓаните ќе се валидизираат со отисок од прст

Почнувајќи од следните парламентарни избори како пилот проект, граѓаните ќе можат со отисок од прст да се идентификуваат, и никој друг не ќе може да го злоупотреби нивното гласачко право, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во емисијата „Отворено на Алфа“.

-На првите наредни парламентарни избори ќе го воспоставиме овој пилот проект и ако помине како што треба, ќе стане стандардизиран принцип за борба против злоупотреба на правото на глас. Ќе нема повеќе можност за манипулација со записници и слично, туку се ќе биде електронски дефинирано, ќе се знае кој и дали излегол да гласа, рече Деркоски.

Не е точно тврдењето на Павле Богоевски, рече Деркоски, дека имало повеќе гласачки кутии на одредени места на референдумот, па затоа во секунди била разликата на високиот процент на излезност.

-Тоа е невозможно, повеќе, односно 4 гласачки кутии на едно место има само на локални избори. Со воспоставување на новата технологија на гласање ќе се избегнат ваквите ситуации и сомнежи, и ќе значи огромен исчекор за нас како држава во остварувањето на реалната демократија. Ова е еден од начините да не чекаме од законодавецот да ни наметне решенија туку ќе бидеме партиципативни и сами ќе предлагаме.