Македонија 22. март 2019. / 09:32

Денеска ждрепка во ДИК за редоследот на гласачкото ливче

Денеска ждрепка во ДИК за редоследот на гласачкото ливче

Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница со жрепка ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

Ќе се утврди редоследот на гласачкото ливче со тројцата претседателски кандидати: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Тие и официјално се кандидати во изборната трка за претседател на државата, откако вчера Државната изборна комисија ја потврди регуларноста на нивните кандидатури.