Македонија 29. ноември 2018. / 09:11

Денеска во Собранието седница за пратенички прашања

Денеска во Собранието седница за пратенички прашања

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седница на која пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите и други функционери во Владата.

Седница за поставување пратенички прашања вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.

Предност за поставување прашања имаат пратениците од опозицијата.