Македонија 14. мај 2020. / 10:01

Денеска Уставниот суд ќе одлучува за изборите

Денеска Уставниот суд  ќе одлучува за изборите

Задолжувањето на ДИК да објави Роковник за продолжување на изборните дејствија ден по завршувањето на вонредната состојба е едно од спорните прашања за кои денеска ќе одлучуваат уставните судии.

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, како што е објавено на сајтот на Уставен суд е четврта точка на дневен ред. Вонредна состојба завршува в сабота на 16-ти мај. Владата сѐ уште нема одлука дали ќе побара трето продолжување на вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски од 30 или помалку денови.