Македонија 11. декември 2020. / 09:54

Денеска средношколците на протест, бараат укинување на државната матура

Денеска средношколците на протест, бараат укинување на државната матура

Средношколците за денеска во периодот од 15.30 часот до 16.30 часот најавуваат протест кој ќе се одржи пред Министерството за образование. Покрај протестот, ќе има и бојкот на наставата во училиштата.

Средношколците бараат да биде укината државната матура.

– Исто така утре 11.12.2020 освен протестот пред МОН, ќе се одржи и бојкот низ средните училишта. Имаме информации дека во одредени средни училишта професорите вршат притисок врз учениците да не присуствуваат на протестот и бојкотот. Ве охрабруваме да излеземе бидејќи и ние средношколците имаме право на глас, се вели во соопштението.

Детално околу нивните барања и несогласувања со МОН, како и денешниот протест, може да прочитате тука.