За денеска во 11 часот е закажана собраниска седница за предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието.
Според Деловникот на Собранието бројот на потпретседателите го утврдува собранието по предлог на претседателот на парламентот. Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Зоран Заев изјави дека прво парламентот мора да избере потпретседатели, па потоа предлогот за составот на новата влада ќе биде доставен до Собранието.
Предлогот за составот на новата влада, пак, Заев треба да го достави до Собранието најдоцна до 2 септември.