Oд понеделник е можно олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот. За такво нешто ќе се одлучува денеска на состанокот на Комисијата за заразни болести и на централниот Штаб на Владата.
По состанокот конкретно ќе се димензионираат мерките и ќе се знае кои субјекти ќе можат први да отворат. Први што ќе почнат со работа би биле автошколите и сите оние кои организираат едукации или курсеви .
Приоритет ќе имаат сите оние кои можат лесно да воспостават ред, дистанца, дезинфекција, носење маски, но и оние кои ќе воспостават шалтерски систем. Се размислува да се дозволат и индивидуалните спортови.
Сепак, динамиката на враќањето во нормала најмногу ќе зависи од бројките на новодијагностицирани, односно од резултатите на тестирањата, дали ќе има помал или поголем број новодијагностицирани со корона вирусот
Во врска со планираниот скрининг на населението, со него ќе биде таргетирани одредени критични групи, како што се вработени во здравствени институции, градинки и домови за стари лица за да се откријат асимптоматски носители.
Во изминатото деноноќие беа потврдени 14 нови случаи на вирусот Ковид-19, а едно лице почина. Се работи за пациент од Тетово на возраст од 61 година, кој бил хоспитализиран на 28 априла во ГОБ „8 септември“.
Направени биле 242 тестирања. Од 14 нови случаи на Ковид-19, од Скопје се пет, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, починати се вкупно 90, а бројот на активни случаи во изнесува 397.