Денеска на пладне е закажана конститутивната седница на новиот состав на Парламентот која ќе се одржи под посебни здравствени протоколи во салата под Големата купола, наместо во салата „Македонија“.
Најпрво ќе се бира претседател на Верификационата комисија, па потоа ќе се верифицираат мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик, членови на Комисијата за прашања на избори и именување и избор на претседател на Законодавниот дом.
Поради тоа што не е обезбедено парламентарно мнозинство неизвесно е дали денеска ќе биде избран претседател на Собранието. Дотогаш со Собранието ќе раководи досегашниот спикер Талат Џафери кој вчера ја напушти Инфективна клиника каде беше сместен од 24 јули.