Македонија 28. јуни 2020. / 16:26

Денеска нови девет починати и 176 заразени, а Филипче убедува дека состојбата добро се менаџира

Денеска нови девет починати и 176 заразени, а Филипче убедува дека состојбата добро се менаџира

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 176 нови случаи на Ковид-19, како и девет починати пациенти.

По градови, распределбата на новозаразените е следната:

-Скопје 61
-Куманово 8
-Дебар 1
-Штип 14
-Прилеп 5
-Тетово 22
-Струга 19
-Велес 5
-Битола 3
-Охрид 14
-Гостивар 7
-Струмица 1
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 1
-Пехчево 1
-Кичево 6
-Ресен 5

Од починати девет лица, седум пациенти се од Скопје, еден е од Тетово и еден пациент е од Струга.

Во изминатите 24 часа се направени 870 тестирања, со што досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.080, бројката на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479.