Според неофицијални информации што ги објавува „Нетпрес“, денеска се регистрирани над 170 новозаболени од Ковид 19, од кои над 90 случаи се од Скопје.
Вчерашната статистика беше рекордни 196 нови случаи и осум лица починати.
Вкупната официјална бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата до вчера изнесуваше 3.895, бројката на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.