Денеска се навршуваат 19 години од загинувањето на десетте прилепски бранители кај месноста викана Карпалак.
На 8 август 2001-та конвојот од воените резервисти од прилепската касарна беше нападнат во заседа на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак кога загинаа 10-те прилепски воени резервисти.
Вчера попладне во Прилеп почнаа чествувањата по повод 19-годишнината од загинувањето на десеттемина прилепски бранители.
Денеска делегации ќе се упатат на месноста Карпалак за да изразат почит за загинатите. Во Прилеп и околните населени места ќе се посетат вечните почивалишта на десеттемина загинати бранители, а во црквата „Света Петка“ ќе се одржи панихида во нивен спомен.
На пладне е централното чествување пред споменикот Карпалак во центарот на Прилеп.