Македонија 08. јуни 2018. / 10:04

Денеска ќе се презентира новиот реформски План 18 во Скопје

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Скопје ќе одржи презентација посветена на содржината, имплементацијата како и значењето на новиот реформски План 18 на Владата на Република Македонија.

На презентацијата се поканети претставници на граѓанскиот сектор, медиумите, експерти и други заинтересирани страни.

Вицепремиерот Османи деновиве и во Брисел го претстави Планот 18, а со предвидените мерки беше запознаена и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската Комисија, Федерика Могерини.