Законскиот рок за поднесување на барање за амнестија завршува денеска.
Досега во Кривичниот суд во Скопје поднесени се 38 барања за амнестија.
Законот за аменстија беше објавен во четвртокот откако го потпиша претседателот Ѓорѓе Иванов. Според одредебите од овој закон, амнестија нема за организаторите, за лицата кои извршиле физичко насилство, за оние кои носеле оружје како и за службените лица кои ги пречекориле овластувањата.
Судот и обвинителството имаат рок од 5 дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.