Во последните 24 часа регистрирани се 137 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1437 тестa.
Истовремено, 131 пациент се излекувани, а, како што пренесува Алсат.мк починаа 10 пациенти позитивни на Ковид-19.
Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава, од почетокот на епидемијата, достигна 9547, а починале 442 пациенти.