Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? Во овој правец, како што истакна премиерот Зоран Заев, ќе се движи прашањето на референдумот.
Заев по лидерската средба најави консултативен референдум и нова лидерска средба денеска напладне.
Ова откако вчерашната лидерска ја напушти претседателот нa ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој побара средбата да биде како досегашните со четворицата лидери на најголемите партии, а не во проширен состав.
Премиерот Зоран Заев изјави дека останатите присутни разговарале за можното референдумско прашање, како и за тоа референдумот да биде консултативен.