Македонија 05. февруари 2020. / 09:17

Ден за објавување на новата методологија за преговори

Ден за објавување на новата методологија за преговори

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархелји, околу пладне треба да го презентира извештајот за ревидираната методологија за преговори пред новинарите и пред европратениците.

Европската Комисија инсистира на тоа дека не станува збор за промена на процесот, туку за негова ревизија со цел тој да стане подинамичен и поефикасен. Последната ревизија на овој процес датира од 2003 година.

Нацрт-документот содржи четири столбови: кредибилитет, политичко управување, динамичност и предвидливост односно условеност.

Овој предлог треба да биде прифатен од земјите членки на ЕУ, најрано кон крајот на овој месец, а Европската Комисија на за две седмици ќе ги објави и извештаите за реформскиот напред во Македонија и Албанија.

Доколку земјите членки се согласат со новата методологија и оценат дека реформите се исполнети тогаш има шанси за зелено светло за преговори на самитот во март во Брисел.

Останува да се види како ќе реагираат земјите членки, особено Франција, Холандија и Данска, кои блокираа во октомври. Француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншален во понеделник изрази увереност дека Комисијата ќе даде задоволителен предлог.