Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска го прими амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Средбата се случи ден откако земјава го дови мини-позитивниот извештај од Европската Комисија.
На средбата, како што информираат од кабинетот на Спасовски, претседателот на Владата изразил благодарност до сите што учествуваа во процесот за да се остварат постигнувањата констатирани во извештајот на Европската Комисија, особено до земјите членки на ЕУ и пријатели на Македонија кои го охрабруваат мерит системот во оценките за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ.
Додаваат дека на средбата било потенцирано оти извештајот, заедно со новата методологија за проширување му дава на процесот на преговори и на пристапување кон членство во ЕУ кредибилност и претставува добра порака за регионот, велат од кабинетот на Спасовски.
Амбасадорот Тимоние на средбата рече дека Франција со оптимизам гледа на извештајот, како и на методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Македонија, стои во соопштението од кабинетот на техничкиот премиер.