Владата на СДСМ на 19.06.2020 година предложила на Ден Дончев да му утврди право за остварување плата по престанување на функцијата за време од 12 месеци.
Од моментот кога Дончев бил разрешен од функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување, па во идната една година, предложено е тој да зема плата од државата во ист износ додека бил на функција, односно апапнажа.
Тој една година ќе зема надомест од државата по оставката која си ја поднесе, наводно поради семејни причини.
Зоран Заев и Радмила Шекеринска сметаат дека Дончев треба да биде награден, па тој една година ќе добива висока плата од џебот на македонските граѓани.
По вчерашните снимки очигледно е дека оставката не била поради здравствени или пак семејни причини туку снимките во кои тој е вмешан. На една од нив се гледа како Дончев зема купче пари од непознат човек и си ги става во ташната.