Македонија 26. јуни 2020. / 19:01

Ден Дончев: Бев на распит во полиција ама тоа не е апсење

Ден Дончев: Бев на распит во полиција ама тоа не е апсење

Ексдиректорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, демантира дека бил уапсен и спроведен
во полициска станица.

Дончев во изјава за „А1он“ рекол дека е со семејството, а најави и тужби за порталите, кои како што вели, рашириле лажна вест.

„Јас сум со семејството, не сум уапсен, рекол Дончев за „А1.он“.

Дончев објаснил дека бил повикан само на разговор во полициската станица кој траел помалку од половина час, по што заминал.