Македонија 19. јуни 2018. / 11:28

Демонстрантите се пред Собрание бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Демонстрантите се пред Собрание бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Група на граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името.

„Не може Заев да ја продава Македонија, не во наше име, оставка од владата под итно“, велат демонстрантите.

Демонстрантите извикуваат „Македонија, Македонија“, „Бесилка за Заев“, и „Проклети да се предавниците“.