Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од потпретседателите на партијата, Александар Николоски и Владо Мисајловски, присуствуваа на одбележувањето на годишнината од завршувањето на Првата Светска Војна организирана од Германската и Француската амбасада во знак на европското помирување.
Како што истакна Николоски на својот Фејсбук профил, присуството на партиската делегација е поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ има изградено цврсто партнерство со Франција и Германија.
– ВМРО-ДПМНЕ е партнер на Франција и Германија и гради цврсто партнерство. ЕУ е единствената алтернатива за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите ќе се посвети на реализација на реформите за Македонија да е на брза трака за почеток на преговори со ЕУ – напиша Николоски.