Дел од отпуштените луѓе поради корона кризата најмалку до јуни нема да добијат ниту еден денар. Сè уште не им биле одобрени барањата за априлската парична помош која што ја вети Владата, а и доколку им бидат одобрени истите, парите нема да ги добијат веднаш, пишува телевизија Алфа.
Ваква порака добиле дел од граѓаните, откако прашале во Агенцијата за вработување, кога ќе ги добијат парите, кои за многумина се клучни да ги преживеат овие месеци, кога останаа без работа поради пандемијата од Ковид 19.
-Почитуван, пред два дена стигнале потребните податоци од Фондот на ПИОМ кои се потребни за одлучување по Вашето барање. Во најскоро време ќе биде решено барањето, но исплатата ќе биде во наредниот месец, бидејќи еднаш месечно се врши исплата на паричниот надоместок, пишува во пораката на Месинџер од Агенцијата за вработување, пишува Алфатв.
Агенцијата за вработување има рок од 30 дена да донесе решение дали го прифаќа барањето. Дел од луѓето кои ја контактирале телевизијата изјавиле дека барањето го поднеле на 6 април.
Од Агенцијата потврдуваат дека од 2.000 барања поднесени меѓу 11 март и 8 мај се уште чекаат. Позитивно е одлучено по 1.800, 100 се одбиени поради неисполнување на условите за остварување на ова право, а во тек е обработка на останатите барања.