Новинарот Сашо Орданоски во вечерашната емисија „Печат на неделата“ на 1ТВ, во која гостуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го спушти нивото на професијата.
Орданоски, кој беше видно вознемирен, во емисијата неколку пати го обвини Мицкоски без притоа да даде конкретни докази против него. Тој целовреме избегнуваше да поставува прашања за криминалот кој царува со државата, откако СДСМ дојде на власт, и сакаше тоа да го сведи на нешто што е нормално во државата.
Освен тоа, Орадноски не му дозволуваше на лидерот на опозицијата да даде целосни одговори.
– Јас Ве сослушав. Неколку тези дадовте, ако ми дозволите да одговорам без да ме прекинувате. – реагираше Мицкоски, на што доби одговор дека ќе биде прекинат секогаш кога тоа му одговара на Орданоски.
Мицкоски му забележа неколку пати на Орданоски дека, иако се бори за правна држава, воопшто не ја критикува власта за актуелните скандали што се случуваат, со непотизмот, со сомнителното доделување на тендери. На ова Ораданоски не даде конкретен одговор, туку повторно започна да зборува за поранешната влада.