Македонија 18. април 2020. / 14:24

Децата и родителите хоспитализирани на хемато-онколошкото оддение негативни на Ковид-19

Децата и родителите хоспитализирани на хемато-онколошкото оддение негативни на Ковид-19

Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира дека резултатите на сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото оддение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето се негативни на Ковид-19.

Од Клиниката велат дека станува збор за рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба.

Од Клиниката за детски болести велат дека превентивно ќе се направат и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде што нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите од истите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира.