Во вечерашната емисија на ТВ 24 „Отворено “ гостуваше адвокатот Ѕвонко Давидовиќ кажа дека владата немала слух за да ги спроведе судските реформи кои ги ветуваше.
– Незадоволство на граѓаните е резултат на немање на судски реформи и немање на доверба во судството , нешто што влече од поодамна корен и за што се поревме и бевме на улиците долго време за што падна претходната власт но оваа власт немаше слух да ги направи правните реформи – рече Давидовиќ.
Давидовиќ потенцира дека токму поради ненаправените реформи во судството сега се испорачува резултатот каков што е.