Македонија 31. јануари 2020. / 23:45

Давидовиќ: Кога судиите се вмешани со политиката, судството не може да биде самостојно

Давидовиќ: Кога судиите се вмешани со политиката, судството не може да биде самостојно

Кога еден обвинител ќе каже дека одреден судија, во случајот Добрила Кацарска влијаела врз предмет во случајот „Империја“, тоа ја покажува состојбата на нашето судство. Нешто на што укажувавме со години. Нема врска со правото тоа што Лиле Стефанова од Специјалното јавно обвинителство го зборуваше кога велеше дека и кажувале што да работи. Тоа што таа го зборуваше не личи на нешто за што треба да зборува обвител. За жал домашната експертска јавност се жалеше и укажуваше на проблемите, и сега доаѓаме до таа ситуација да се види дека системот не функционира – посочува адвокатот Звонко Давидовиќ во гостување на телевизија „Алфа“.

Според него ова говори дека системот не функционира.

Лиле Стефанова е дел од тој систем и покажува колку се некадарни и со колку мал капацитет се нашите обвинители. Ова покажува колку судиите се вмешани со политиката и колку судството не е самостојно и не е кадарно да се справи со предметите и ситуацијата. Тоа да го каже еден обвинтел не лични на ништо – посочува Давидовиќ.

Адвокатот рече дека целата ситуација е во насока на тоа дека има потреба од коренити промени во правосудството.

На пример, ако една Вилма Русковска се закани на судии и институции и нема реперкусии за тоа, тоа значи дека правниот систем е дојден до дното. Ова бара длабиски рез и проветрување на целиот правосуден систем – смета Давидовиќ.