Македонија 14. август 2019. / 21:03

Датумот кога Јанева ќе биде повика на распит се држи во тајност?

Датумот кога Јанева ќе биде повика на распит се држи во тајност?

Во Обвинителството за организиран криминал, од почетокот на неделава за случајот „Рекет“, дадоа изјави двете специјални обвинителки, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Засега од таа оваа институција не откриваат дали и кога ќе биде повикана шефицата во оставка, Катица Јанева. До сега Катица Јанева сè уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство, а државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на прашањето дали и кога ќе биде повикана, одговори дека однапред не објавуваат никакви информации, поради непречено одвивање на истрагата и обезбедување на доказите.