Во утринското гостување во „Утро со Златев“, на прашањето дали постои можност резултатите од пописот подоцна да бидат оспорени затоа што се најавуваат обиди за бојкот на истиот, Даштевски одговори дека постои можност пописот воопшто да не се одржи, а има и структури во државата кои сакаат да го наместат истиот.
– Не знам дали ќе се попишам и дали воопшто ќе се спроведе пописот, бидејќи гледам дека нема услови и веројатно ќе биде спроведен на сила, како и до сега. Сметам дека нема да ја имаме реалната бројка, но истовремено е непријатно 20 години да немаме попис, а тоа ретко каде се случува, изјави Даштевски.
Многу луѓе мислат дека со попис ќе се решат сите проблеми, меѓутоа според него не е така, затоа што има структури кои сакаат пописот да се штелува.
Треба да знаеме кој е во дијаспората, а кој е тука, да не се попишуваат луѓе кои живеат во странство.
Целото интервју можете да го погледнете на Фејсбук страната на Радио Лидер