Утрово, во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер, гостин е Александар Даштевски, кој на самиот почеток од емисијата истакна дека сите одлуки кои се до сега донесени од владата се погрешни.
Како што тој вели, владата згрешила од самиот почеток со тоа што наместо кризна, прогласи вонредна состојба.
– Иако имаше можност и тогаш, многу подобро ќе беше да се прогласи кризна состојба, бидејќи имаме закон за кризи и многу поефикасно ќе беше, а сега се прогласува кризна состојба кога има помал број на заболени, рече Даштевски
Според Даштевски, беше погрешно што изборите во Штип се одржале за време на пандемија, а доколку опозицијата излезеше на истите, со сигурност ќе победеше.