Македонија 29. јануари 2019. / 15:32

Даниелсон: Работете на реформите, а не на предвремени избори

Даниелсон: Работете на реформите, а не на предвремени избори

Позитивниот моментум што е создаден по потпишувањето на Преспанскиот договор треба се одржи и сочува. Фокусот треба да насочи на реформите во пресрет на јуни кога Советот на ЕУ ќе одлучува за отворање на пристапните преговори, а предвремените избори ќе го одземат тој фокус и потребната енергија, порача Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

Фокусот треба да биде на испорачување резултати. Таму треба да бидат насочени напорите. Веруваме дека предвремените избори ќе го одземат тој фокус и нема да бидете во можност да ја дадете потребната енергија со цел да се посветите на останатите отворени прашања. Тука зборуваме за реформите во судството, борбата со корупцијата и организираниот кринминал, реформата на безбедносните служби и функционирањето на јавната администрација, рече Даниелсон на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека не станува збор само за законодавството, туку треба да се види и спроведувањето на законите, како и дека овие пораки им ги пренел на сите соговорници во Скопје, а се однесуваат и на владејачкото мнозинство и на опозицијата