Македонија 24. февруари 2021. / 19:55

Дали СДСМ активно работи на партизација на претстојниот попис?

Дали СДСМ активно работи на партизација на претстојниот попис?

Статистичка операција за која владејачката партија објавува конкурс за попишувачи. Се чини се повеќе, дека на повидок е партизација на процесот на попишување, кој од Владата со месеци го оправдуваат велејќи дека е статистичка операција во согласност со сите европски и светски стандарди.

На Фејсбук профилот на СДСМ – Охрид, е објавен конкурсот за реонски попишувачи и инструктори, кој беше објавен во текот на вчерашниот ден.

Објавата можете да ја погледнете подолу, а оваа активност на официјален партиски огранок е само аргумент плус за многумина кои го критикуваат процесот во јавноста. Главните критики се однесуваат на тоа дека наводно бројките и процентите се однапред договорени, како и дека постои опасност од ширење на коронавирусот од попишувачите.

ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс…

Posted by СДСМ Охрид on Tuesday, February 23, 2021

Неколку часа по објавата, откако беше жестоко критикувана од многумина, истата беше избришана од страна на админите.