Македонија 16. април 2020. / 12:27

Дали премиерот Спасовски ќе оди во изолација? Вчера имаше средба со Димитриевски кој е заразен со коронавирус!

Дали премиерот Спасовски ќе оди во изолација? Вчера имаше средба со Димитриевски кој е заразен со коронавирус!

Пред малку градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски преку Фејсбук објави дека е заразен со коронавирус.  Вчера премиерот Оливер Спасовски го посети Куманово, каде домаќин му беше токму градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Со оглед на тоа декa Христијан Мицкоски и Зоран Заев отидоа во домашна изолација по контактот со новинарот Гоце Михајловски од Канал 5, кој беше заразен со коронавирус, за очекување е истата процедура да важи и за техничкиот премиер Оливер Спасовски. Освен Спасовски во непоредна близина на кумановскиот градоначалник беше и вицепремиерот  задолжен за европски прашања Бујар Османи, и се очекува и тој да биде пратен во домашна изолација.

Премиерот Спасовски и вицепремиерот Османи присуствуваа на Општинскиот кризен штаб, на кој од страна на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и останатите претставници на локалната власт беа информирани за мерките и препораките кои се преземаат во насока на спречување на ширењето на коронавирусот, пишува во вчерашното владино соопштение.