Македонија 11. септември 2019. / 18:38

Дали на Јанева некој и овозможил пристап до компјутер во затворот или можеби и била дадена веќе напишана изјава?

Дали на Јанева некој и овозможил пристап до компјутер во затворот или можеби и била дадена веќе напишана изјава?

Дали на специјалната обвинителка Катица Јанева некој и овозможил пристап до компјутер во затворот во Шутка или можеби и била дадена веќе напишана изјава?

Овие дилеми се отворија во јавноста откако вчера професорот Гордан Калајџиев во телевизиска дебата сподели информации дека имал увид во писмото на Јанева и, кое според негови извори делумно било напишано на компјутер, иако таа е во притвор. Калајџиев овој случај го посочи и на денешната дебата за правосудниот систем како причина за негово разочарување и недоверба во јавното обвинителство.

Со вакво тврдење излезе и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој на Фејсбук праша „кој ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала“?!?

Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ ваквите тврдења ги оцени како небулоза, без повеќе детали па остана нејасно дали небулузно е нашето прашање или можеби неговиот одговор на нашето прашање..

Со конкретен демант излезе државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Тој за Канал 5 вели дека имал увид во писмата на специјалната обвинителка и сите три дописи се напишани на рака. Два од дописите се упатени до републичкото обвинителство и еден до СЈО за примопредавање на предметите, појаснува Јовески.

За да се утврди вистината за сомнежите, професорот Кајаџиев предлага формирање на собраниска анкетна комисија.