Македонија 06. декември 2019. / 13:06

Дали „Луј Витон“ чантата била вратена кај Орце Камчев

Дали „Луј Витон“ чантата била вратена кај Орце Камчев

За време на испрашувањето на биснисменот Орце Камчев, кој се појави во судница во својство на сведок, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, го праша Камчев:  „Дали јас бев присутен кога ги броевте парите од таа фамозна чанта и тие фамозни непосточски еден ипол милио евра“.

На тоа Камчев одовори дека парите биле броени со неговата благајничка пет минути пред доаѓањето на Јовановски и нивното преземање од страна на Боки 13 и Зоран Милевски – кичеец е снимено и документирано, за што постои снимка предадена во обвинителството.

На ова следуваше прашање од Боки 13: „Кога ви е вратена чантата“?

На тоа Камчев одговори: „Таа чанта никогаш не е стигната кај мене дома“.

На ова, Боки 13 повторно се обиде да постави ново прашање: „Дали е точно дека на 21-22 февруари, околу 21.15/21.17 часот, Зоран Милевски ја врати чантата, нешто што може да се документира од вашите видео камери“.

На ова Камчев повтори дека таа чанта никогаш не завршила во неговиот дом.