Денешен гостин на емисијата „Утро со Златев“ беше пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов, со кого се разговараше на повеќе теми околу актуелната политичка ситуација, а многу се обрна внимание и на престојниот попис.
Тој најпрво кажа дека политичката партија Левица за бојкот на пописот се повикува член 12 кој се однесува на неповредливост на домот и додаде дека доколку граѓаните од 01 до 21 април да не отворат врата, тогаш тие се правно заштитени со овој член. Тој иако тврди дека според овој член граѓаните се заштитени, не кажува дали Левица ќе сноси одговорност доколку ве казнат за бојкот на пописот.
Според пратеникот на Левица на престојниот попис следува голем фалсификат.
– Властите се решени да го фалсификуваат пописот и со секоја поддршка на пописот вие поддржувате фалсификат, рече Крмов за Радио Лидер.
Тој потенцираше дека власта го заплашува народот да го поддржи овој фаслификуван попис кој би редефинирал државата. Зборуваше и за меѓуетничкиот баланс, а повеќе за тоа може да видите во видеото во продолжение.
Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ тој ја оквалификува како партиска и според него целиот процес не е ни легален бидејќи потписите се собирале на улица. Според него потписите на оваа политичка партија немаат никаква правна тежина, туку само политичка тежина.
Според Крмов власта ужасно се плашеше ВМРО-ДПМНЕ да повикува на бојкот или тивок бојкот.